Top Sport

Усик со порака до Русите: Ако сме православни браќа, ве молам сопрете ја војната

ВБА, ИБФ и ВБО шампионот во тешка категорија, Украиецот Олександер Усик, кој во минатото честопати беше обвинуван од дел од домашната јавност дека не е доволен патриот, преку социјалните мрежи прати молба до рускиот народ и до претседателот Владимир Путин да ја прекинат војната во земјата.

Тој минатата недела беше во Лондон на преговори со Ентони Џошуа за организирање на ри-мечот, но 35-годишниот боксер се врати во Украина од каде прати порака до рускиот народ. Познат како голем православен верник, Усик, тој посочи на братските односи меѓу двата народи.

„Добро утро на сите, моето име е Олексадер Усик, би сакал да зборувам до рускиот народ. Ако се сметаме за браќа, православни браќа, не ги праќајте вашите деца во нашата земја да се борат со нас. Се обраќам и до претседателот Владимир Путин. Можете да ја сопрете оваа војна. Седнете и разговарајте со нас. Нашите деца, сопруги, баби се кријат во подрумите. Ние сме тука во нашата земја, не можеме поинаку. Ние се браниме. Сопрете ја оваа војна“, вели Усик.

Scroll to Top