Двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо вели дека е отворен за можноста да се врати во Ф1 во 2020 година, но само ако наиде „добра понуда“, но инсистира дека враќањето на тестирањето со Мекларен следната недела нема врска со одлуката за иднината.
Алонсо ќе го тестира болидот на Мекларен на патеката во Бахреин, зголемувајќи ги шпекулациите дека веќе размислува за враќање во 2020 година.
„Тестирањето не е тука да останам подготвен. Како што кажав лани, мојата мисла во моментов не е да се вратам. Кога се збогував лани, сметав дека ова поглавје во мојот живот е завршено. Остварив повеќе во Ф1 отколку што сонував и добив шанса да правам нешто надвор од Формула 1, нешто посебно. Затоа, кам-бекот не е во моите планови. Ако нешто се случи и излезе добра понуда, најверојатно ќе ја разгледам. Остсанувам отворен“, вели Алонсо.