Top Sport

Гатузо: За два месеци ќе знаете дали ќе бидам тренер на Милан

Џенаро Гатузо самиот ја стави својата иднина како тренер на Милан во неизвесност, откако на прес-конференцијата пред мечот со Сампдорија, изјави дека по крајот на сезоната ќе ги открие своите планови за иднината.

„Ќе ја дознаете мојата иднина за два месеци. Кога ќе заврши лигата ќе ви кажам што мислам и што ќе правам“, изјави кратко Гатузо на прес-конференцијата.

Досега италијанските медиуми тврдеа дека ситуацијата е едноставна – Гатузо мора да обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона, ако сака да остане тренер на „росонерите“, но оваа изјава додава масло на оган на шпекулациите дека Милан подготвуваат некое „позвучно“ име да го преземе клубот.

Scroll to Top