Top Sport

Алонсо: Единствениот светски првак без договор за 2025 сум јас

Фернандо Алонсо нема договор за 2025 година, будејќи се уште нема преговори со неговиот тим Астон Мартин околу новиот договор. „Марка“, пишува дека од 2025 година Алонсо ќе се пресели во гаражата на Мерцедес.

Фернандо Алонсо во интервју за „Марка“ ги откри како размислува за својата иднина.

Алонсо се врати во Формула 1 во 2021 година, во Алпин, а лани се пресели во Астон Мартин. 2023 година беше одлична за Фернандо бидејќи беше четврти во генералниот пласман, а таков резултат немаше од 2013 година кога беше вицешампион во Ферари.

Јасно е дека 2024 година ќе вози за Астон Мартин, а допрва ќе видиме дали тој ќе го наследи Луис Хамилтон во Мерцедес.

„Прво ќе одлучам дали ќе продолжам и тоа со целосна посветеност што ја бара Формула 1. Морам да сфатам што сакам да правам и потоа ќе седнам со Астон Мартин, тоа е приоритет. Кога ќе почне сезоната ќе анализирам се и потоа ќе одлучам. Ако не се договориме и ако сакам да продолжам, ја имам привилегија да бидам баран од другите тимови. Единствениот светски шампион без договор за 2025 година сум јас“, изјави Фернандо Алонсо.

Scroll to Top