Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, пред трката за ГН на Бразил зборуваше за гласините кои го поврзуваат со тимот на Ред Бул.
Шпанецот во Сао Паоло истакна дека тие шпекулации немаат врска со вистината.
„Знам дека некои луѓе сакаат да зборуваат и да се шегуваат и тоа веднаш се прифаќа. Сепак, јас не сум дел од таа игра. Повеќе би сакал да нема шпекулации, да се слушне само вистината. А вистината е дека целосно сум посветен на тимот на Астон Мартин. Глупаво е да ме поврзувате мене и Ред Бул“, изјави двократниот светски шампион.
Алонсо имаше одличен почеток на сезоната, но како таа се приближува крајот, перформансите на Астон Мартин не можат да се споредуваат со водечките тимови.
„Сето тоа е добро. Освоивме 200 поени повеќе од лани, постојано напредуваме. Затоа, поради актуелната криза, нема причина да правиме некаква драма “, изјави Алонсо.
Траката за Големата награда на Бразил се вози во недела на 5.ноември.