Top Sport

Интер не се откажал од Самарџиќ, нови преговори ќе има во јануари

Минатото лето на Лазар Смарџиќ му пропадна трансферот во Интер, откако клубот од Милано се откажа од преговорите со неговите претставници.

Многу контроверзии го следеа целиот случај, Интер ги обвини претставниците на Самарџиќ за алчност, додека неговиот татко истакна дека таму нема место за посредникот Рафаела Пимента.

Сепак, „Газета дело Спорт“, објави дека Интер е подготвен да заборави на целиот случај и да се обиде повторно оваа зима да го доведе 21-годишниот офанзивен играч за врска.

Овојпат ќе имаат конкуренција, за српскиот репрезентативец интерес покажува и Јувентус. „Газета дело Спорт“, тврди дека двата тима размислуваат и за Пјотр Зиелински од Наполи, кој се уште нема потпишано нов договор, а актуелниот му ваи до крајот на сезоната.

Според „Трансфермаркт“, Самарџиќ вреди 20.000.000 евра, а оваа сезона и покрај ограничената минутажа постигна два гола на 10 натпревари.

Scroll to Top