Флавио Бријаторе поранешниот шеф на Бенетон, го споредил ривалството на Фернандо Алонсо и Михале Шумахер со ривалството што владее помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Бријаторе во минатото имал можност да работи и со Алонсо и со Шумахер.
„Ме прашувате кој е подобар Шумахер или Аонсо? Тоа е исто како да ме прашате да решам кој е подобар Меси или Роналдо. Не знам“, рекол во едно интервју Бријаторе.
Поранешниот шеф на Бенетон открил кој од двајцата возачи покажувал повеќе емоции.
„Фернандо покажуваше помалку емоции од Михаел.“
„Михаел секогаш го вадеше најдоброто од тимот. Од друга страна Фернандо е како ротвајлер, никогаш не се откажува“, дополнил Бријаторе.
Алонсо и Шумахер водеа големи битки на патеките во Формула 1. Токму Шпанецот ја прекина доминацијата на Германецот во 2005 година, кога го спречи да ја освои шестата последовна титула.