Top Sport

Одбија намалување од 50 отсто, сега клубот платите ќе им ги намали за 70 отсто

Фудбалерите на Барселона го одбија предлогот на клубот додека трае кризата платите да им бидат намалени за 50 отсто. Капитените Меси, Пике, Тер Штеген и Бускетс го изложиле овој предлог пред соиграчите и добиле негативен одговор.

Времето ќе покаже дали фудбалерите направиле грешка кога го одбиле предлогот и дали тоа може да ги продлабочи проблемите на „Ноу Камп“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека според законите на државата во случај на кризни ситуации, меѓу кои спаѓа и кризата со коронавирусот клубовите можеле да им ги намалат платите за 70 отсто.

Се шпекулира дека претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу ќе се повика на овој закон и дека ќе им ги скрати платите за 70 отсто.

Медиумите шпекулираат дека играчите биле подготвени на штрајк во случај да биде реализирано ова сценарио.

Scroll to Top