Top Sport

Дембеле одбил 200 милиони евра за пет сезони за да остане во Барселона

Според „Спорт“, ѕвездат на Барселона, Усман Дембеле добил богата понуда од Ал-Наср, но се решил да остане на „Ноу Камп“, каде што ќе ја започне последната сезона од неговиот договор.

Ал-Наср, клубот каде што игра Кристијано Роналдо, бил подготвен да ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра за 26-годишниот Французин, и му дале понуда од 200 милиони евра за пет сезони. Наместо да ја прифати, Дембеле е во преговори со клубот за продолжување на договорот.

Барселона, поради сопствените финансиски проблеми, ќе мора да продаде дел од играчите во летениот преоден рок за да можат да ги регистрираат новите засилувања за Ла лига, но Дембеле не е на трансфер-листата. Клемен Ленгле и Франк Кеси се фудбалерите кои најверојатно ќе заминат од Каталонија.

Scroll to Top