Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо смета дека следните два месеци се „клучни“ за амбициите на Мекларен во Формула 1 оваа сезона.
Алонсо неодамна изјави дека е огромен оптимист околу потенцијалот на тимот по добивањето на моторите на Рено откако помина три сезони „мачејќи“ се со слабиот и несигурен мотор на Хонда. МЦЛ33 болидот според него е фантастичен, но потребен е голем развој за да се предизвикаат првите 3 тима (Мерцедес, Ферари и Ред бул).
„Има доста голема разлика до лидерите, но сега треба да покажеме од што сме направени. Тимот мора да се крене и да ни даде перформанси во следните четири-пет трки, за да бидеме блиску до пол-позициите и подиумите. Следните два месеци се клучни за Мекларен. Не се работи за борба за титулата, но верувам дека можеме редовно да се бориме за подиуми“, вели Алонсо.