Top Sport

Алонсо се пофали: Многу е тешко да ме победите

Фернандо Алонсо застана во одбрана на својот колега од Мекларен, Штофел Фандорне, и во исто време се пофали самиот себеси, велејќи дека е „многу тешко да ме победите“.

Фандорне во 12 трки досега ниту еднаш не беше подобар во квалификациите од Алонсо, и има низа од вкупно 17 трки во кои Алонсо бил пред него – од Малезиското ГП минатата сезона. Алонсо вели дека тоа не кажува ништо лошо за Белгиецот, потсетувајќи се на сезоната 2014 (кога беше во Ферари) и го победи својот колега Кими Раиконен во 16 од 19 трки.

„Мислам дека е многу тешко да ме победите. Тој секогаш е за малку зад мене, но ако ги погледнете другите мои колеги, тие беа многу подалеку од Штофел. Како во 2014 или претходно, кога го победував Кими седум десетинки секоја трка. Не верувам дека ќе му се расипе репутацијата. Нашиот болид е тој што е, со слаби перформанси, а тој веќе покажа дека е талентиран возач“, вели Алонсо.

Тој додава дека Фандорне ќе биде многу подобар кога ќе се чувствува удобно во брз болид.

„Штофел беше шампион во сите серии пред Формула 1, а сега е во тежок болид со слаби перформанси. Ќе биде многу поблиску кога ќе имаме нормален болид“, додава Алонсо.

Scroll to Top