Top Sport

Ањели е јасен: Со Роналдо одиме на титула од ЛШ

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели не крие дека трансферот на Кристијано Роналдо во „старата дама“ значи дека трофеј од Лигата на шампионите сега е главна цел на тимот кој деценија доминира во Италија.

Ањели не крие дека инвестицијата од 100 милиони евра, плус годишната плата на Роналдо од 30 милиони евра, значи дека сега мора да дојат и резултатите.

„Ќе биде многу тешко, но ова е годината во која мораме сонот да го приближиме до реалноста. Лигата на шампионите мора да е нашата цел. Мора да имаме ЛШ, да имаме скудето и да имаме Копа Италија. Целта е да се победи насекаде. Макс Алегри и неговиот тим знае колку напорна работа ги претстои. Не чека тешка сезона, но со многу страст. Едвај чекам да почнеме“, вели Ањели.

Scroll to Top