Top Sport

Алонсо со голем судир на тренингот во Индијанаполис (видео)

Пензионираниот двократен Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо имаше тежок судир за време на тренинзите за Инди 500 трката во САД, откако ја загуби контролата и трипати удри во ѕидот на славната кружна патека.

37-годишниот Шпанец на 26 мај во Индијанаполис ќе се обиде да ја комплетира „тројната круна“ со победа на Инди 500, откако претходно триумфираше на 24 часа Ле Ман и на Монако ГП трката во Ф1. Тој ќе вози Мекларен 66 болидот.

По судирот тој бил примен во медицинскиот центар на патеката, но веднаш бил пуштен, по што се јави и на социјалните мрежи.

„Ова беше целосно моја грешка со потценување на патеката. Жал ми е за тимот и за момците кои сега ги очекува напорна работа. Но, лекцијата е научена и ќе се вратиме посилни“, напиша Алонсо на Твитер.

Scroll to Top