Top Sport

Џиро: Акерман ја доби „пеколната“ петта дождлива етапа (видео)

Германскиот шампион Паскал Акерман победи на студената и дождливата петта етапа на Џиро Д’Италија од Фрашати до Терачина во спринтерски финиш, добивајќи го дуелот со победникот од четвртата етапа, Фернандо Гавирија.

Етапата беше „неутрализирана“ на 9 километри пред финишот (односно времето не течеше), со што спринтерите добија шанса да се борат за победа, а ривалите во генерален пласман да останат безбедни на страна.

Словенецот Примож Роглич останува со „маља роса“ барем уште еден ден со идентична предност пред ривалите, но петтата етапа значеше крај за шампионот од 2017, Холанѓанецот Том Думулин, кој ја напушти трката веднаш по стартот откако вчера се повреди.

Scroll to Top