Top Sport

Алонсо со Мекларен ќе се трка на Инди 500

Двократниот шампион во Формула 1 Фернадо Алонсо оваа година ќе вози на престижната трка Индијанаполис 500 за тимот „Ероу Мекларен СП“.

За Шпанецот ова ќе биде трето учество во Индијанаполис, а негов и партнер на Меклерен ќе им биде „Руф Мортџаџ“ кој има шампионска титула од 2017 година.

Алонсо покрај двете титули во Формула 1, два пати победил на трката „24 часа Ле Ман“, еднаш во Дејтона, а бил и светски првак на трката во издржливост. Во кариерата единствено нема титула од Индијанаполис 500.

Доколку го освои Индијанаполис, Алонсо, ќе стане вториот возач во историјата со ткн. тројна круна во мотоспортот.

Досега само Грем Хил успеал да г освои титулите во Ле Ман, Монако и Индијанаполис 500.

Мекларен, покрај Алонсо, на престижната трка ќе го претставуваат и Оливер Аскју, односно Пато О’Ворд.

Scroll to Top