Top Sport

Ето: Црните тренери ги гледаат како „второкласни“ луѓе

Поранешната ѕвезда на Барселона и Интер, Самуел Ето вели дека црните тренери имаат потежок пат до големите клубови бидејќи сите ги сметаат за „второкласни луѓе“.

Грдото лице на расизмот во фудбалот се врати на насловните страници откако Калиду Кулибали беше навредуван од навивачите на Интер во мечот на крајот на декември, а имаше и неколку инциденти со навивачите на Челси во Премиер лигата. Ето, во интервју за „Марка“ признава дека поради бојата на кожата се двоуми дали да стане тренер.

„Дел од црните фудбалери не сакаат да станат тренери поради тоа, иако го познаваат фудбалот. Секако, има многу африкански тренери со потребните квалификации, но во нив едноставно се нема доверба. На нив се гледа како на второкласни жители. Но, јас победував во Европа како фудбалер и сакам да победувам во Европа како тренер“, објаснува Камерунецот.

Scroll to Top