Top Sport

Аривабене од Ферари прави „трансфер“ во Јувентус?

На Ферари може да им биде потребен нов шеф, откако Маурицио Аривабене според италијанските медиуми е прв фаворит да биде нов генерален директор на фудбалскиот клуб Јувентус.

Аривабене, кој дојде во Ферари од „Филип Морис“, веќе е член на бордот на Јувентус, и сега е прв фаворит да го замени долгогодишниот генерален директор Џузепе „Бепе“ Марота, кој на крајот на месецот заминува по конфликтот со претседателот Андреа Ањели. Под Марота, Јуве ја потврди доминацијата во италијанскиот фудбал со седум титули во низа, а ова лето го донесе и Кристијано Роналдо.

Аривабене има силни врски со семејството Ањели, кои се сопственици на Јувентус и на компанијата „ФИАТ“, во чиј состав е Ферари, и е во бордот на Јувентус од 2012 година. 61-годишниот Италијанец беше именуван шеф на Скудерија во ноември 2014 година и го „крена“ Ферари во ривал за титулата, иако и оваа сезона титулата изгледа дека веќе е „избегана“.

Бепе Марота веќе не е директор на Јуве

Scroll to Top