Top Sport

(Фото) Астон Мартин го претстави болидот за 2024 година

Претпладнево, Астон Мартин го објави изгледот на својот нов автомобил со кој тимот ќе се натпреварува во првенството на Формула 1 оваа година. Автомобилот ја носи ознаката „АМР24“ и британскиот тим се надева дека овој болид со погон на Мерцедес ќе успее да ја намали разликата во однос на Ред Бул.

Во некои делови од 2023 година, Астон Мартин беше најблискиот конкурент на Ред Бул. Тоа се менуваше во текот на целата сезона, а на крајот Фернандо Алонсо заврши четврти, а Ленс Строл десетти во генералниот пласман.

Астон Мартин вели дека автомобилот од 2024 година е „значително подобрен“ во споредба со моделот од 2023 година.

„Марка“, пишува дека болидот за новата сезона изгледа како Ред Бул. Дека носот на автомобилот е поостар и дека задниот дел на автомобилот изгледа како оној што го прават во Милтон Кејнс.

„Ќе заработиме десетинки во однос на минатата сезона, но не знам дали ќе биде доволно да се доближиме до водечките екипи“, изјави Фернандо Алонсо.

Scroll to Top