Top Sport

Астон Мартин засега не коментираат дали Фетел ќе се трка во Бахреин

На една недела пред стартот на новата сезона во Формула 1, најмногу шпекулации, покрај формата на тимовите, е дали четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел ќе се врати на тркањето иако се пензионираше на крајот на 2022.

Канадскиот возач на Астон Мартин (и син на газдата), Ленс Строл го пропушти тестирањето во Бахреин, откако падна од велосипед на тренинзи во Шпанија, и негова замена беше Фелипе Другович, бразилскиот Ф2 шампион, откако вториот резервен возач на тимот, Штофел Фандорне беше во Кејптаун, Јужна Африка во Формула Е шампионатот.

Шпекулациите велат дека е тешко да се верува дека Строл ќе се опорави на време за трката следната недела, така што на Астон Мартин ќе им треба замена, и наместо Другович и Фандорне, шанса ќе добие Фетел, кој се повлече на крајот на минатата сезона по 299 трки за да направи место за Фернандо Алонсо. Шефот на тимот, Мајк Крек, не сакаше да даде директен одговор.

„Мислам дека Себастијан имаше детален план за своето пензионирање и тоа треба да се почитува. Меѓутоа, да видиме што ќе се случи до следниот викенд. Дали ќе има посебен камбек? Не ви кажувам“, изјави Крек.

Scroll to Top