Top Sport

Ѓоковиќ: Не сум арогантен или претенциозен, но јас сум најдобриот!

Пред камбекот на тенисот на Дубаи шампионатот, Новак Ѓоковиќ вели дека се чувствува дека е најдобриот тенисер во историјата и покрај дискусијата во која се вклучени и Рафаел Надал и Роџер Федерер. Зборувајќи за Леброн Џејмс, кој неодамна го сруши рекордот на Карим-Абдул Џабар по бројот на поени во НБА лигата, српскиот тенисер вели дека слично како Џејмс и тој мисли дека е најдобриот.

„Да, можам да се согласам со Леброн, бидејќи и јас имам таква самодоверба во моите квалитети. Секако, секогаш со респект кон противникот, кој спортот, кон моментот кој се случува. Но, самодовербата, кога сум подготвен, кога сум на теренот, на било која подлога, против било кого, верувам дека сум подобар, дека сум најдобриот. И мислам дека тука нема ништо арогантно или претенциозно. Нема ништо пгорешно. Му честитам на Леброн за остварувањето, бидејќи целосно го заслужува, бидејќи на своите години работи најдобро. И останува вистински пример за сите млади момци“, открива Ѓоковиќ во интервју за „Нешнл“.

И покрај оваа самодоверба, Србинот вели дека би бил задоволен да се повлече со ист број на гренд слем титули со Рафаел Надал.

„Да, би бил задоволен. Би сакал да имам повеќе од мојот најголем ривал, но кога ќе дојде тој момент, кога ќе ја повлечам линијата на мојата кариера, дури и тој да освои уште 10 гренд слема, ќе бидам задоволен. Можеби подоцна ќе жалам што немам повеќе од него, но на крајот, колку титули се доволни?“, додава Ѓоковиќ.

Scroll to Top