Top Sport

Италијанска одмазда во Кран-Монтана – Гоџа пред Брињоне на тешкиот спуст

Надминувајќи го разочарувањето од Светското првенство каде што остана без медал, италијанската специјалистка за брзински трки, Софија Гоџа триумфираше на спустот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана за да се доближи до нов кристален глобус во дисциплината.

Вчера трката во Кран-Монтана беше откажана поради лошото време, а изгледаше дека денеска ќе се повтори откажувањето бидејќи горниот дел од патеката беше во густа магла, но по неколку одложувања, трката сепак се оддржа.

Со стартен број 9, Гоџа ја помина патеката со време од 1:26.81, за 0.15 побрзо од својата сонароничка Федерика Брињоне, додека Французината Лаура Гаш направи изненадување со трето место со 1:27.22. Гоџа, на две трки до крајот на сезоната, има 580 поени во спуст, 179 пред Словенкаа Илка Штухец, која беше само деветта во Кран-Монтана.

Scroll to Top