Top Sport

Ауди ќе го тестира својот Ф1 мотор оваа година

Подготовките на Ауди за влез во Формула 1 во 2026 година продолжуваат, откако од германсиот производител потврдија дека нивниот протитоп мотор ќе биде тестиран до крајот на годината.

Брендот во сопственост на Фолскваген групацијата минатиот октомври потврди дека купува дел од Заубер групацијата, која се натпреварува во Ф1 со тимот на Алфа Ромео со мотори на Ферари. Ф1 шампионатот од 2026 година воведува нови мотори со фокус на
одржливост и на намалување на трошоците, а Заубер ќе стане фабрички тим на Ауди.

Според членот на бордот на Ауди, Оливер Хофман, проектот веќе функционира и повеќе од 260 специјалисти работат во фабриката во Нојбург во близината на седиштетото на компанијата во Инголштад.

„Основата на тимот се луѓе кои веќе работеа во Ауди, на кои им се приклучија специјалисти со Формула 1 искуство. До крајот на годината, ќе се комплетиа тимот од 300 вработени“, вели Хофман.

Scroll to Top