Top Sport

Тебас: Барселона и Жоан Лапорта не убедија никого

Претседателот на шпанската Ла лига смета дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на бурната прес-конференција не успеал да убеди никого дека каталонскиот клуб не е виновен во случајот со поткуп на судиите преку исплатите за поранешниот потпретседател на судиската комисија Хозе Негреира.

Денеска клубовите од Ла лига имаа вонредно генерално собрание, каде што случајот Негреира беше главна тема, и Тебас објасни што се случило.

„Лапортат ни даде објаснување од 20 минути, што всушност беше скратена верзија на неговата прес-конференција. Но, никој не смееше да му постави прашање. Клубовите сакаат овие исплати да бидат истражени и не ги сметаат како нормални. Лапорта не убеди никого и не е јасно што се случува. Тоа што го кажуваат е неразбирливо, а објаснувањат не се доволни. Несфатливо е да плаќате толку години потпретседател на судиска комисија“, вели Тебас.

Тој повтори дека смета дека е исправно Лапорта да си даде оставка.

„Веќе го кажав тоа и останувам на истиот став. Немам што да додадам. Ниту еден друг претседател не побара оставка, ниту побарав јас директно. Ла лига мора да ги реши овие проблеми. Не верувам дека Барселона купуваше судии, но има индикации дека тие исплати се да се има влијание на некаков начин“, вели Тебас.

Scroll to Top