Top Sport

Австрија беше брутална за Ред Бул, вели првиот човек на „биковите“

Сезоната во Формула 1 почна, но за екипата на Ред Бул беше катастрофално.

На првата трка во Австрија победи Валтери Ботас, втор беше Шарл леклер, а трет Ландо Норис, додека Хамилтон поради казна од 5 секунди заврши четврти.

На подиумот немаше место за возачите на Ред Бул, а за едно место заслужен е и самиот Хамилтон. Тој го удри Александер Албон и го исфрли од патеката.

Поради тој инцидент Ред Бул останаа без бодови, но Хамилтон заврши без место на подиумот.

„Бевме во ситуација да се бориме за победа, тргнавме со средни гуми и тоа значи дека подоцна би биле побрзи. Потоа видовте што му се случи на Алекс. Да имате 0 бодови по првата трка, боли. Австрија беше брутална за Ред Бул“ – изјави Кристијан Хорнер, првиот човек на „биковите“.

Scroll to Top