Top Sport

Просинечки или Седлоски, „модрите“ во потрага по тренер на екипата

Легендарниот хрватски фудбалер, Роберт Просинечки е еден од кандидатите за нов тренер на Динамо Загреб, пренесуваат тамошните медиуми.

По само 7 меча на клупата на „модрите“ од Загреб, отказ доби Игор Јовиќевиќ, а како негов наследник се споменува актуелниот тренер на турски Кајзериспор, Просинечки.

„Најголема `максимирска` желба наводно е Роберт Просинечки. Легендарниот фудбалер, миленикот на сите хрватски навивачи, уметникот со топката изминатите години прерасна во одлиен тренер. Тој е во моментов тренер на Кајзериспор, зимоска го презема клубот во изгубена ситуација, а сега го доведе на чекор до опстанок во лигата. Динамо сигурно е многу поголем предизвик од Кајзериспор“ – пишуваат „Sportske novosti“.

Меѓу имињата кои се споменуваат како нов кормилар на „модрите“ е и нашиот Гоце Седлоски.

Седлоски работи со вториот тим на Динамо, а конкуренти за новата функција му се и Зоран Мамиќ и Жељко Копиќ.

Scroll to Top