Top Sport

Австриската влада даде зелено светло за стартот на Ф1 на 5 јули

Скратената Формула 1 сезона 2020, конечно, ќе стартува со Австриското ГП на патеката Ред бул ринг на 5 јули, откако австриската влада даде зелено светло за оддржување на трката, секако, без присутни гледачи.

На патеката во Шпилберг исто така ќе се вози и втора трка следниот викенд за да се овозможи сезоната да има барем 10 трки за да може да се смета како сезона од Светскиот шампионат.

Хаосот во Формула 1 почна со откажувањето на Австралиското ГП во март само неколку часа пред стартот на тренингот и тоа е една од 10-те трки кои беа одложени или откажани. Шефот на Формула 1, Чејс Кери инсистира дека е возможно да се оддржат од 15 до 18 трки оваа сезона.

Шансите Силверстоун да биде следната станица со две трки останува неизвесна поради инсистирањето на британската влада секој кој ќе пристигне во земјата да оди на 14-дневен карантин. Холандското ГП, кое требаше да се оддржи првпат по 35 години, беше откажано оваа недела.

Scroll to Top