Top Sport

Алегри сака во странство, не е заинтересиран за Серија А

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри, кој повеќе пати беше поврзуван со Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен му признал на претседателот на Каљари, Томас Џулини дека не планира да работи во Серија А и сака клуб од странство.

52-годишниот Алегри целата кариера како фудбалер и менаџер ја помина во својата татковина, со одлични успеси како тренер – шест титули од Серија А со Милан и Јувентус. Тој беше отпуштен од Јуве во текот на летото 2019, по што изјави дека сака да „паузира“ од фудбалот. Во јануари, Џулини му понудил да се врати во својот стар клуб Каљари, но тој одбил таква можност.

„Направив еден луд телефонски повик на крајот на јануари и му понудив работа на Алегри иако знаев дека е речиси невозможно дека ќе прифати. Масимилијано ми кажа дека следната авантура ќе биде во странство, иако му беше интересен предлогот да го води Каљари на 100-годишнината на клубот. Знаев и пред да му се јавам дека ќе биде многу тешко да прифати“, вели Џулијани за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top