Top Sport

Бајндер со спектакуларна победа во својата трета Мото ГП трка!

Јужноафриканскиот дебитант во Мото ГП класата, Бред Бајндер имаше трка од соништата за да триумфира на Чешкото ГП во Брно, во само третата трка во елитната класа, триумфирајќи пред Франко Морбидели (за кого ова е деби подиум) и освојувачот на пол-позицијата, Жоан Зарко.

Во отсуство на светскиот шампион, Марк Маркез, кој е во аут по втората операција на своето рамо, Зарко не успеа да ја заддржи пол-позицијта на стартот, откако Морбидели го помина на првата кривина, а зад него, Бајндер се искачи на четвртото место поминувајќи го колегата од КТМ, Пол Еспархаро.

Бајндер бргу успеа да ги помине и Алеш Еспархаро на третото место и Квартаро на третото место, пред на девет круга пред крајот да го помине и Морбидели и потоа ја оддржуваше разликата до крајот на трката на фантастични три секунди. Во меѓувреме, Фабио Квартаро, победникот на првите две трки во Херез, откако се мачеше со гумите, падна на седмото место на трката.

Четвртото место му припадна на Алекс Ринс, пред „докторот“ Роси и Оливеира, а во топ 10 беа и Накагами, Милер и Алеш Еспархаро , додека Андреа Довициозо продолжи со слабите трки за Дукати со 11. место.

Покрај деби победата за Бајндер, ова е и прва победа на австрискиот производител КТМ во елитната класа на Мото ГП шампионатот.

Scroll to Top