Франческо „Пеко“ Бањаја победи на „катедралата на брзината“ во холандскиот Асен за да се врати во борбата за титулата, која станува неизвесна по двата пада на лидерот Фабио Квартараро. Воачот на тимот на Валентино Роси, Марко Бецеки стигна до својот прв подиум на второто место, додека Маверик Вињалес обезбеди прв подиум за него оваа сезона.
За асот на Дукати, оваа е трета победа оваа сезона и доаѓа откако не заврши три од последните четири трки во шампионатот, со што може да се надева дека се враќа во борбата за титулата.
Бањаја стартуваше од пол-позицијата и успеа да остане прв и да направи предност од 2 секунди пред ривалите, додека Квартараро падна на четвртото место, дозволувајќи Алеш Еспархаро да стигне зад Италијанецот. Веќе во петтиот круг, Квартараро прави грешка и го „собира“ и Еспархаро пред него, дозволувајќи Марко Бецеки да избие на второто место. И покрај падот, Квартараро и Еспархаро останаа во трката.
Светскиот шампио и лидер во генерален пласман Квартараро, потоа застана во својата гаража барајќи да се откаже од трката, но од Јамаха му порачаа да продолжи за тој да има уште еден незгоден пад на рамо пред конечното откажување. Во исто време Еспархаро, кој претходно постави рекорд на патеката, успеа да се искачи до седмото место на шест круга пред крајот, за во последниот круг да избие на четвртото место. И покрај заканите од дожд во финишот, Бањаја ја задржа огромната предност пред сателитскиот возач на Дукати, Марко Бецеки и Маверик Вињалес на Априлија.
Квартараро и покрај освоените нула поени, останува лидер во генерален пласман со 172 поени, 21 пред Еспархаро на второто и 58 поени пред Жоан Зарко на третото место. Бањаја е четврти со 66 поени помалку.