Top Sport

Бањаја го освои „Силверстоун“

Италијанецот Франческо Бањаја е победник на трката за ГН на Велика Британија на патеката „Силверстоун“ во Мото ГП шампионатот. Мотоциклистот на Дукати дојде до четвртата победа во последните седум трки.

Маверик Вињалес погреши во последниот круг и тоа му овозможи на Бањаја да мине прв низ целта, а Џек Милер го освои третото место.

Лидер во генералниот пласман е Фабио Квартараро со 180 бодови.

Scroll to Top