Top Sport

Македонија загуби од Хрватска и испадна од елитата

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација загуби од Хрватска со 72:59 и не успеа да обезбеди опстанок во А-Дивизијата на ЕП во Измир. Тоа беше шести пораз за избраниците на селекторот Тони Симиќ на ова натпреварување.

Во последниот период, македонските кошаркари имаа негатива од 54:46, а потоа Хрватите постигнаа тројка и отидоа на двоцифрена предност од која немаше враќање назад.

Теодор Симиќ постигна 21 поен за нашата репрезентација, а по 14 имаа Бошалевски и Димитриевски.

Scroll to Top