Top Sport

Бањаја на пол-позицијата во Остин

Италијанецот Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на САД. Возачот на Дукати, до третата последовна пол-позиција во Мото ГП шампионатот стигна со време 2:02.781 минути.

На патеката во Остин, Бањаја, за 0.348 секунди беше побрзи од лидерот во генералниот пласман, возачот на Јамха, Фабио Квартараро. Првиот ред на стартот го комплетираше Марк Маркез. Возачот на Хонда, на кого Остин му е една од омилените патеки, имаше послаб резултат од Бањаја за 0.438 секунди.

Првите десет на стартот ги комплетираа Мартин, Накагами, Зарко, Ринс, Мир, Марини и Милер.

Легендарниот Валентино Роси ќе стартува од 21 место.

Scroll to Top