Top Sport

Луис Суарез му се „јави“ на Куман

Луис Суарес со гол и асистенција, заедно со Тома Лемар и Жоао Феликс, беше еден од хероите на Атлетико во победата над Барселона (2:0; во дербито на осмото коло.

Уругваецот, пред натпреварот, изјави дека доколку постигне гол нема да се радува. Тој постигна гол во 44.минута, го одржа ветувањето, не се радуваше, но не заборави да му испрати порака на Роналд Куман.

Холанѓанецот, минатата година, го избрка Суарез од Барселона со еден телефонски разговор. Куман натпреварот го водеше преку телефон од ложата на „Ванда Метрополитано“.

Тоа го инспирираше Суарез да му се „јави“.

Scroll to Top