Top Sport

Барикело: Шумахер никогаш не ми помогна, требаше да освојам барем една титула

Рубенс Барикело честопати беше споменуван како „најдобриот“ тимски колега на Михаел Шумахер, но Бразилецот признава дека не добил ниту еднаш помош од Германецот додека беа колеги во Ферари од 2000 до 2005.

Тоа беше периодот во кој Шумахер беше доминантниот возач во Формула 1, но на сите им беше јасно дека ситуацијата беше „подредена“ само за Германецот, што најдобро се дозна на Австриското ГП во 2002 година, кога Барикело мораше да му ја предаде победата во солзи на подиумот.

„Секогаш сум бил добар пријател и сум имал одлични односи со сите колеги, а тоа го вклучува и Михаел. Меѓутоа, тој никогаш не ме поддржа мене. Никогаш не беше тука кога мене ми требаше помош“, изјави 47-годишниот Барикело.

Тој додава дека во ниту еден момент не се сомневал во квалитетите на Шумахер, но верува дека со еднаква стратегија ќе освоел барем еден трофеј.

„Тој беше многу добар, посебно на брзите кривини, на кои беше најбрз и многу храбар. Двајцата се туркавме на ново ниво и не беше лесно Михаел да дојде до него. Ако се споредувам реално со него би кажал дека односот е 70:30. Тој беше подобар од мене, покомплетен возач, никогаш немаше лош ден и никогаш не беше ранлив. Но, со еднаква стратегија за двајцата, ќе освоев барем една шампионска титула. Вака беше невозможно“, вели Барикело.

Scroll to Top