Top Sport

Мурињо забранил фудбалерите на Тотенхем да ги гледаат снимките од 2:7 поразот! (видео)

Жозе Мурињо вели дека стриктно им забранил на фудбалерите на Тотенхем да ги гледаат снимките од катастрофалниот домашен 2:7 пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите во октомври.

Тотенхем доживеаја катастрофа на својот стадион, а четири дена подоцна загубија со 3:0 од Брајтон, по што Маурисио Почетино доби отказ, а Мурињо доби шанса да го води тимот од северен Лондон. Пред реваншот во Баварија, кој нема резултатска важност, бидејќи Тотенхем се веќе квалификувани, а првото место на Баерн е сигурно, Мурињо е стриктен.

„Забранив било какво видео или слика од тој меч. Јас го гледав мечот неколку пати со мојот тим и со аналитичарите и го поминав секој детаљ, но ниту една слика за момците. Не е потребно. Ќе се фокусираме повеќе од Баерн да ја играме нашата игра“, вели Мурињо, кој за мечот ги остави дома Хери Кејн, Деле Али, Јан Фертонген и Серж Орие.

Scroll to Top