Top Sport

Бастијанини ќе мора на две операции, по вчерашната несреќа на „Каталуња“

Мотоциклистот на Дукати, Енеа Бастијанини, беше еден од петтемина кои вчера паднаа на првиот свиок од Големата награда на „Каталуња“ во Мото ГП, а несреќата започна од него.

Италијанецот заврши со две скршеници и ќе мора да оди на две операции. Тој се здоби со скршеница на левата рака и глуждот на левата нога.

Повредените беа имобилизирани во болница, по што Бастијанини со тимот на Дукати замина во Италија.

Тимот потврди дека операциите на Бастијанини ќе бидат закажани за следните неколку дена.

Бастијанини сигурно ќе го пропушти следниот старт во Мисано, домашната трка на Дукати.

Scroll to Top