Top Sport

Бецеки доминантно до прва победа, Бањаја потфрли во Аргентина

Возачот на „VR46“ тимот, Марко Бецеки, ја оствари својата прва победа во кариерата во премиерната класа, откако славеше на ГН на Аргентина, втората трка во сезоната во МотоГП.
Италијанецот дебитираше на местото каде што за првпат во кариерата застана на највисокото скалило на подиумот пред пет години, во категоријата Мото3, а воедно и го донесе првиот триумф на тимот на Валентино Роси.

На патеката „Терма де Рио Ондо“, Бецеки победи во доминантен стил, на дожд, со четири секунди предност пред Жоан Зарко на Прамак Дукати. На двајцата на подиумот им се придружи возачот на Гресини, Алекс Маркез, кој заостануваше шест десетинки зад Французинот.

Втората трка сезонава беше одбележана и со голема грешка на бранителот на титулата Франческо Бањаја, кој излета од патеката во 18. круг, кога се бореше со Маркез за втората позиција.

Бецеки беше апсолутно незапирлив на патот до првата победа во кариерата во најсилната категорија, бидејќи на стартот поведе, а потоа целосно ја контролираше трката. Неговата предност во еден момент беше околу осум секунди, за да го намали темпото во самиот финиш, но ниту еден од неговите ривали не беше во позиција да му се закани.

Scroll to Top