Top Sport

Бечеки конечно победи во Муџело

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, славеше на Големата награда на Италија, седмата трка од сезоната на шампионатот во Мото ГП.

Италијанскиот мотоциклист триумфираше во Муџело за прв пат во својата кариера, па дури и се најде на подиумот за прв пат на легендарната патека во кралската класа. Исто така ова е прва победа за Априлија во Муџело.

Бецеки ја забележа својата четврта победа во сезоната на домашен терен, три секунди пред тимскиот колега Хорхе Мартин, додека на дуото на Априлија на подиумот му се придружи возачот на Дукати, Франческо Бањаја.

Во борбата за последното место на подиумот во фото-финишот, Пеко го победи Аи Огура од Тракхаус за 34 илјадити делови од секундата.

По својата четврта победа, Бецеки води во генералниот пласман со 173 поени, 17 повеќе од Мартин.

Овогодинешното првенство во Мото ГП продолжува следната недела со Големата награда на Унгарија на патеката Балатон Парк.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');