Top Sport

Кваратцхелија играч на сезоната во ЛШ

Грузискиот фудбалер Хвича Кваратцхелија беше прогласен за најдобар играч на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше еден од клучните играчи во кампањата на својот тим за втората последователна титула европски шампион.

ПСЖ успешно ја одбрани титулата, подвиг што многу великани не успеаја да го постигнат во последните години.

Тимот на Луис Енрике го победи Арсенал во финалето на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта по изведување на пенали.

По 120 минути игра, резултатот беше израмнет 1:1, а Парижаните подобро ги шутираа пеналите и славеа со 4:3.

Кваратцхелијаа беше еден од најважните играчи на францускиот шампион во текот на целата европска сезона. Ја заврши сезоната со импресивен настап од десет гола и шест асистенции во 16 настапи, со што се издвои како еден од најпродуктивните играчи во натпреварувањето.

Тој одигра важна улога и во финалето против Арсенал. Токму тој го избори пеналот од кој Усман Дембеле постигна гол за израмнување и враќање на ПСЖ во игра откако лондонскиот тим поведе.

Наградата за најдобар играч во сезоната е само потврда за статусот што го изгради грузискиот напаѓач во Париз. Откако пристигна од Наполи на почетокот на 2025 година, тој брзо стана еден од клучните играчи на ПСЖ, одигра 80 натпревари со 27 гола и 19 асистенции.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');