Top Sport

Берни Еклстоун: Не е важно што направив, бргу ќе ме заборават

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун вели дека нема да има „наследство“ кога ќе почине, бидејќи и покрај тоа што тој е човекот кој го трансформираше спортот во шест децении владеење ќе биде „многу бргу заборавен“.

Еклстоун беше шеф на Ф1 до 2016 година, кога ги продаде своите акции во спортот за околу 8 милијарди долари и бргу беше сменет од позицијата со почесна титула „вечен претседател“. 89-годишниот Англичанец во текот на 1970-тите успеа да обезбеди богат ТВ-договор за Формула 1 и го трансформираше полу-аматерскиот спорт во атрактивен спорт во кој се трошат стотина милиони долари. Но, тој инсистира дека нема „наследство“.

„Нема да имам наследство, ќе исчезнам и ќе бидам заборавен за неколку месеци како повеќе луѓе на планетава. Никој не се сеќава, светот оди натаму. Нови луѓе, нови работи. Светот оди толку бргу за разлика од пред 20-ина години“, вели Еклстоун.

Scroll to Top