Top Sport

ФИА ги врати знамињата за крај на трката за следната сезона

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) по само една сезона мораше да се откаже од дигиталните означувања на крајот на трката и да го врати традиционалното мафтање со црно-белото знаме.

Знамињата се враќаат по фарсата на Јапонското ГП, кога трката беше завршена еден круг предвреме со сигнал на дигиталната технологија. И покрај тоа што таблата покажуваше дека трката е завршена, возачите мислеа дека се во последниот круг и продолжија да се тркаат. Поради ова Серхио Перез на пример заврши во поени на деветтото место иако се судри во последниот круг.

Сега, ФИА, потврди дека модерниот систем се менува со традиционалното знаме од следната сезона.

Scroll to Top