Top Sport

Хабиб овојпат го почитува противникот: Фергусон е вреден ривал

Хабиб Нурмагомедов конечно проговори по договарањето на дуелот со Тони Фергусон на УФЦ 249 во април 2020, и за разлика од сите зборови и навреди кои ги имаше резервирано за Конор Мекгрегор, сега вели дека Фергусон е „вреден ривал“.

Хабиб во кариерата ги победи најголемите ривали во лесната категорија, вклучувајќи го Мекгрегор и Дастин Поаире, и сега вели дека ја враќа мотивацијата која му недостасувала во последните десетина борби бидејќи Фергусон е „вреден“ противник.

„Ќе тренирам напорно и овојпат. Со секој меч, добивам повеќе искуство, но станувам и постар, имам 31 година. Мислам дека сум на врвот на кариерата. Ќе тренирам посебно напорно бидејќи имам вреден противник. Тој е многу добар и опасен ривал. Да бидам искрен, во последните мечеви ми недостасуваше мотивација. Јакинта, Конор, Барбоза, Поаире… Тие не се исти како Тони Фергусон. Сега повторно гори огнот во мене“, изјави Нурмагомедов.

Scroll to Top