Top Sport

Берни Еклстоун „скрил“ 400 милиони фунти од британските даночници

Поранешниот прв човек на Формула 1 шампионатот, Берни Еклстоун доби обвинение за измама откако не пријавил странски имот и посед вреден повеќе од 400 милиони фунти, објавија британските даночни власти. Кралското обвинителство потврди дека 91-годишниот Еклстоун е обвинет со едно обвинение за измама преку лажно претставување.

„Обвинението доаѓа по комплексна кривична истрага од Британската доначна служба“, се вели во соопштението, посочувајќи дека тој ќе мора да се појави пред судот во Вестминстер на 22 август.

Еклстоун од сопственик на автомеханичарска гаража стана најмоќниот човек во Формула 1 во своето четиридецениско владеење во спортот, во кој аматерскиот спорт успеа да го изгради во бренд во кој се влеваа милијарди долари. Во последно време тој живееше надвор од Велика Британија, прво во Швајцарија, а сега со својата сопруга во Бразил, каде што таа поседува огромни плантажи со кафе.

Scroll to Top