Top Sport

Џек Грилиш и неговото „пеколно“ лето

И покрај сите критики дека во својата прва сезона како фудбалер на Манчестер сити не ја оправдал својата цена од 100 милиони фунти, англиската фудбалска ѕвезда Џек Грилиш е презадоволен од своето „пеколно“ лето, споделувајќи интересна фото-галерија на социјалните мрежи.

26-годишниот Грилиш прво беше во Лас Вегас, кадде што имаше неколку дена посветени на забави, откако со група свои пријатели изнајми ВИП хотелска соба, а британските таблоиди тврдеа дека тој платил 80.000 фунти за ВИП-пакет во кој биле вклучени 116 шишиња шампањско. Таму тој беше со својот пријател, ѕвездата на Вест хем, Деклан Рајс.

По ова следуваше посетата на Грција, каде што го чекаше неговата девојка Саша Етвуд со која беше на две свадби – на својот поранешен соиграч од Астон вила, Конор Хурихејн и на капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер во Франција.

Тој беше воодушевен од грчката престолнина Атина, велејќи дека се „заљубил“ во градот, а исто така имаше шанса и да поработи на фудбалот, како гостин на Олимпијакос. Тој играше и фудбал со малиот локален клуб на островот Санторини.

Манчестер сити сега патуваат во САД, каде што ќе играат со Клуб Америка и Баерн Минхен пред мечот од Комјунити шилд на 30 јули против Ливерпул.

Scroll to Top