Top Sport

Биното: Фетел самиот е виновен за лошата трка

Себастијан Фетел следната година нема да вози за Ферари, така што не изненади многу што во текот на неделната трка во Силверстоун, влезе во остар напад на својот тим, обвинувајќи ги дека ја „зезнале“ стратегијата по која тој заврши на 12. место.

Четирикратниот Ф1 шампион и по трката изјави дека неговиот тим не се придржувал на стратегијата која била поставена пред трката, нарекувајќи ја стратегијата „бесмислена“, но неговиот шеф, Матија Биното му врати дека трката му била уништена кога Германецот се изврте во првиот круг.

„Не мислам дека Себастијан ја загубил довербата во нашиот тим. Има проблеми со болидот во моментов, но на квалификациите и на последните две трки нема верба во болидот. Мислам дека нема зошто да зборуваме за стратегија, бидејќи работите тргнаа наопаку на стартот, кога се изврте, и ниту една стратегија не можеше да го поправи тоа“, изјави Биното.

Фетел: Ферари имаа бесмислена стратегија во Силверстоун

Scroll to Top