Top Sport

Камбекот на Мајк Тајсон одложен за ноември

Егзибицискиот меч во осум рунди помеѓу двајцата поранешни шампиони во тешка категорија, Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор е одложен од 12 септември за 28 ноември, јавуваат повеќе американски извори.

Причината за ова одложување е што тимот на Тајсон очекувал поголема заработувачка ако мечот се оддржи подоцна, а тимот на Џонс се согласил. Мечот ќе се оддржи без публика во „Дигнити хелт спортс парк“ во Карсон, Калифорнија.

За 54-годишниот Тајсон ова ќе биде прво влегување во рингот по повлекувањето од боксот во 2005 година, а „Челичниот“ претходно доби неколку понуди тешки милиони долари, вклучувајќи и од својот стар ривал Ивандер Холифилд. Се очекува ова да е само прв од неколкуте мечеви на Тајсон.

Scroll to Top