Top Sport

Биното: Го напуштам Ферари по 28 години

По неколкунеделни шпекулации и неколкудневен молк, Ферари денеска официјално потврди дека шефот на „црното коњче“ во Формула 1, Матија Биното, си заминува од функцијата.

Тимот потврди дека Биното останува на работа до 31 декември, а потрагата по негов наследник продолжува.

„Со жалење морам да соопштам дека решив да го прекинам нашето партнерство со Ферари. Ја напуштам компанијата што ја сакам и во која сум дел во последните 28 години, знаејќи дека направив се што можам за да ги постигнам моите цели. Зад себе оставам кохезивен и растечки тим“, се вели во изјавата на Биното.

„Ферари има силен тим способен да ги постигне највисоките цели, од сега па натаму им посакувам се најдобро. Мислам дека е правилно да се направи овој чекор во овој момент, иако оваа одлука беше многу тешка за мене. Сакам да им се заблагодарам на сите во тркачкиот оддел што го споделија со мене ова патување, во кое имаше многу тешкотии, но и многу радост“, додаде Биното.

Се очекува тој да не може да работи во Формула 1 најмалку шест месеци, а за него се заинтересирани најмалку четири тима, меѓу кои Алпин и Астон Мартин. Се уште не е јасно кој ќе го заземе неговото место во Ферари.

Scroll to Top