Top Sport

Ферари лошо поминаа во САД: Ферстапен: Така е кога ќе престанете да мамите

Возачот на Ферари Шарл Леклер бил изненаден од обвинувањата што на сметка на италијанскиот тим по трката во Остин ги испратил Холанѓанецот Макс Ферстапен.

Ферстапен во Остин го освои третото место, Лекелр беше четврти, а неговиот колега од Ферари Себастијан Фетел не ја заврши трката.

Холанѓанецот рекол дека Ферари изгледале лошо на патеката бидејќи „прстанале да мамат“ откако ФИА со техничка директива ги поостриле барањата кај максималниот проток на горивото.

„Тоа се случува кога ќе престанете да мамите. Се е проучено многу внимателно и во иднина тоа ќе треба да се надгледува“, рекол Ферстапен.

„Мислам дека тоа е шега. Тој не знае ништи, тој не е во нашиот тим. Ние точно знаеме што работиме. Не ми е јасна изјавата на Ферстапен. Ништо тој не знае“, рекол Леклер.

Scroll to Top