Top Sport

Клоп се чуди: Па, како Пеп знаеше толку бргу по неговиот меч?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на својот напаѓач Садио Мане, откако менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола го обвини дека „многу добро паѓа“, чудејќи се како Гвардиола би можел да знае за инцидентот на мечот со Астон вила толку бргу.

Мане беше „спасител“ на Ливерпул во тој меч, со асистенција за гол во 87. минута и гол во 94. минута за Ливерпул да остане на шест поени пред Сити пред пресметката овој викенд. Но, во тој меч, во првото полувреме тој доби жолт картон за симулација и Гвардиола го забележа тоа веднаш по неговиот меч со Саутемптон.

Клоп не сакаше да одговара на прашањата, но беше зачуден од коментарот.

„Не сум расположен за Манчестер сити во моментов. Не сакам да зборувам за тоа. Дали ми се допаѓа тоа што тој кажува за моите фудбалери? Не знам како би можел да знае за таа случка толку бргу по мечот. Но, Садио не симулира. Имаше момент со Вила, можеби не беше пенал, но имаше контакт. Не скокна да падне. Ако такво нешто се случеше на Манчестер сити, тогаш и тој ќе сакаше пенал“, вели Клоп.

Гвардиола пред дербито со Ливерпул: „Специјалниот“ Мане обожава да паѓа

Scroll to Top