Top Sport

Погба: Мечот против Јуве е навистина посебен за мене

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба вели дека има „многу емоции“ пред дуелот од Лигата на шампионите против Јувентус, но дека е целосно посветен на својот сегашен клуб и дека сака да успее со него.

Французинот помина четири сезони во Торино, откако дојде токму од Манчестер јунајтед, пред да се врати на „Олд Трафорд“ со за тогаш рекорден трансфер од 105 милиони евра. Вечерва, првпат ќе игра против својот поранешен клуб.

„Веќе зборував за тоа со мојот брат и му кажав дека ќе биде необично да играм против Јувентус. За мене мечот е специјален и постојано си праќаме пораки. Имам многу емоции бидејќи првата цела сезона во професионалниот фудбал и првиот гол го имав за Јувентус. Таму се развив како фудбалер и имам огромна почит. По ова се вратив дома и сега сум дома и така ќе остане. Мојата кариера со Манчестер е навистина одлична“, вели Погба.

Scroll to Top